Вчера во попладневните часови, струмичките пожарникари имале уште две интервенции и тоа, во 15:40 со 2 против пожарни возила и 9 пожарникари на улица „1 ви Мај“ интервенирале на гаснење на кровна конструкција, а пожарот е целосно изгаснат во 18:00 часот. Во 16:03 часот, со 4 пожарникари и едно возило во кругот на поранешната фабрика […]
Денес во 08:04 часот во Хамзали, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 8 пожарникари интервенираше на гаснење на запален објект, кој бил користен како помошни простории, информираа струмичките пожарникари. Пожарот избувнал во објект кој се наоѓа во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на истоименото село. Пожарот е целосно изгаснат во 10:15 […]
Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во партнерство со РСБСП, вчера во населените места Куклиш, Муртино, Моноспитово и Босилово, реализира превентивни активности по проект “Управувај безбедно со земјоделски машини” и делење летоци насловени: Биди подготвен! За безбедно патување во зима! Од страна на полициски […]
Вчера околу 04:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, […]
Во сообраќајна несреќа која се случи околу 11:00 часот кај селото Баница две лица се повредени и се пренесени на лекување во стрмичката болница, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил и запрежно возило. Регионалниот патен правец Струмица-Баница- Вељуса моментно е затворен за сообраќај, а полицијата врши увид на местото […]
ЈПКД „Комуна“, во соработка со против пожарните единици на Ново Село и Струмица,, прават напори да го изгаснат пожарот кој гори на депонијата „Солена Река“ Ново Село, меѓутоа поради недостапноста и локацијата, односно подземен пожар, тој продолжува да гори но нема опасност да се шири надвор, информираа денес од Општина Ново Село. -Тие и понатаму […]
Вчера во 21:30 часот на автопатот А1, делница од Гевгелија кон село Прдејци, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(40) од Гевгелија, под сомнение дека истиот ден сторил една тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид во две аптеки во Гевгелија. Лицето било задржано во просториите на Полициска […]
Денеска во 00:10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, полициски службеници од Полициска станица Струмица го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор, соопштија од СВР Струмица. Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден […]
Вчера во 21:20 часот во Полициско одделение Ново Село В.С. (39) од село Самоилово, пријавил дека околу 21:00 часот во спортска обложувалница во село Ново Село бил физички нападнат од И.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19.11/20.11.2020), по однос на Уредбата […]
Денеска полициски службеници од СВР Струмица-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија, извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М., при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана во количина од околу 1,5 килограми, соопштија од СВР Струмица. […]