fbpx

Струмичките пожарникари вчера гаснеа три пожари

 Струмичките пожарникари вчера гаснеа три пожари

Вчера во попладневните часови, струмичките пожарникари имале уште две интервенции и тоа, во 15:40 со 2 против пожарни возила и 9 пожарникари на улица „1 ви Мај“ интервенирале на гаснење на кровна конструкција, а пожарот е целосно изгаснат во 18:00 часот.

Во 16:03 часот, со 4 пожарникари и едно возило во кругот на поранешната фабрика „Санкерам“, интервенирале на гаснење на дел од конструкцијата на магацински објект.Пожарот е целосно изгаснат во 16:50 минути.

Вчера околу 08:00 часот пожарникарите гаснеа и пожар во помошни простории во АД „Оранжерии Хамзали“, кај селото Хамзали.

Во трите пожари нема повредени, но е причинета материјална штета.

Share via
Copy link