Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Кривична за двајца полицајци кои тепале затвореник во струмичкиот затвор
Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против П.П.(31) од сeло Василево и А.М.(25) од Струмица, двајцата полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од струмичката полиција.
-Пријавените, на 01.12.2020, постапувајќи по Наредба за вршење на служба, околу 09.45 часот, додека биле во КПУ – Затвор Струмица со цел да извршат достава на пресуда од Основен Суд Скопје 1 на Ј.А. од Струмица-осуденик на издржување на казна затвор во КПУ Затвор Струмица, постапиле несовесно за време на вршење на службата на начин што, откако Ј.А. почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени од затворот, стои во соопштението на СВР Струмица.
Веднаш по пријавување на настанот, полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презеле мерки за целосно расчистување на настанот.