fbpx

Полицијата со превентивна акција за безбедно возење

 Полицијата со превентивна акција за безбедно возење

Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во партнерство со РСБСП, вчера во населените места Куклиш, Муртино, Моноспитово и Босилово, реализира превентивни активности по проект “Управувај безбедно со земјоделски машини” и делење летоци насловени: Биди подготвен! За безбедно патување во зима!

Од страна на полициски службеници на учесниците во сообраќајот кои управуваа трактори со тракторски приколки им беа лепени флуоросцентни ленти со цел поголема видливост во сообраќајот со слоган: Вози одговорно! додека на останатите учесници во сообраќајот им беа делени летоци со потсетување за задолжително носење зимска опрема и превентивни совети за безбедно патување во зима!.

Share via
Copy link