fbpx

Приведен струмичанец кој избегал од затворот во Идризово

Денеска во 00:10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, полициски службеници од Полициска станица Струмица го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор, соопштија од СВР Струмица.

Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела.   

Share via
Copy link