fbpx

И денес нови седум заразени со Ковид-19 во Струмица

 И денес нови седум заразени со Ковид-19 во Струмица

Освен во Струмица, новозаболени се регистрирани во Радовиш-тројца, каде починало и едно лице на возраст од 71 година, а во Гевгелија и Валандово по тројца.

Во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 51- Куманово 7- Дебар 4- Штип 1- Прилеп 15- Тетово 13- Струга 4- Велес 3- Битола 6- Охрид 5- Кавадарци 5- Гостивар 9- Гевгелија 3- Струмица 7– Крива Паланка 4- Радовиш 3- Кочани 20- Пробиштип 2- Македонски Брод 1- Берово 3- Валандово 3- Виница 4- Делчево 5- Свети Николе 3- Ресен 2.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од:- Скопје 38- Куманово 12- Штип 5- Прилеп 8- Тетово 3- Струга 4- Битола 12- Кавадарци 3- Гостивар 2- Крива Паланка 2- Кочани 4- Пробиштип 3- Пехчево 1- Берово 2- Делчево 1- Кичево 2.

Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19.

Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.

Share via
Copy link