fbpx

Агенцијата за млади и спорт финансиски ќе им помогне на клубовите со тестови за COVID-19

 Агенцијата за млади и спорт финансиски ќе им помогне на клубовите со тестови за COVID-19

Агенцијата за млади и спорт на иницијатива на заменик директорот Измит Нура организираше итен состанок на Советот за спорт, во насока на обезбедување на дополнителни материјални средства на Националните спортски федерации од олимписките спортови како помош во услови на криза.

Средствата ќе бидат наменети кон покривање на материјални трошоци кои произлегуваат од потребата за постојано тестирање на спортистите, пред натпревар во домашните првенства, како и пред патувањата и настапи надвор од државата.

Агенцијата за млади и спорт го исполнува ова ветување кое беше дадено се со цел да можат федерациите непречено да функционираат и полесно да го организираат нивниот национален систем на натпревари како и да учествуваат на меѓународни натпревари“ – стои во соопштението од АСМ.

Share via
Copy link