Инспектор физички нападнал началник во Полициската станица во Радовиш

 Инспектор физички нападнал началник во Полициската станица во Радовиш

На 20.12.2024 во 16.10 часот во СВР Струмица-ОВР Радовиш бил лишен од слобода Б.И.(39) од село Дедино, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик, соопштија денеска од СВР Струмица.

Имено, на вчера во 15:30 часот во Полициската станица Радовиш од страна на О.Г.(43), началник на ОВР Радовиш било пријавено дека околу 14.00 часот во службени простории на ОВР Радовиш Б.И.(39) инспектор во ОВР Радовиш агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во еден момент и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди.

За настанот биле запознаени началник на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот. По целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link