fbpx

Интервју Костадин Костадинов:Мојата визија за Струмица е јасна-Општина препознатлива по сите параметри

 Интервју Костадин Костадинов:Мојата визија за Струмица е јасна-Општина препознатлива по сите параметри

Струмица е моето родно место, градот во кој растев и се развивав. Воспитувањето и семејните вредности ми ги пренесоа татко ми Никола и мајка ми Фани, а учев животни лекции од едниот дедо Костадин, “Коцето-Голмано“, легендата на струмичкиот фудбал и од другиот дедо Душко Костов, доајенот на струмичкиот театар, вели за себе Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ.

-Тука во Струмица го почнав и моето образование и ги направив
првите чекори во политичките води каде што континуирано, опкружен со другарки,
другари, со вистински пријатели и денес го споделувам моето секојдневие.
Роден во 1990, на самиот почеток на плурализмот и демократијата, воден од
семејните и општествените вредности и понесен од силни амбиции за напредок,
пред повеќе од 10 години решив да се приклучам кон социјалдемократската
филозофија. Како активен член на младинската организација на СДСМ во Струмица
барав и добивав соодветни задачи на кои, со максимална посветеност одговарав,
без исклучок. Од година во година, континуирано и се профилирав во активен
политичар. Во 2016 година добив можност во период од 11 месеци да ја предводам
Струмица како нејзин градоначалник. Тоа искуство и довербата која ми се даде беа
мотив, кураж да одам понатаму во политичката кариера и како народен избраник
во Собранието на Северна Македонија да се носам со исклучително сериозни
задачи во рамки на пленарните седници, но, подеднакво и во собраниските
комисии, како член и предводник. Понесен од партиската идеологија, довербата од
моите политички ментори и пред сé од сопствената верба во евро-атлантската
иднина на нашата држава, бев протагонист и директен учесник на многу важни,
историски одлуки во македонското Собрание. Мотивиран токму од потенцијалите
кои ги препознав за нашето Општество, можностите и иднината во регионалниот
развој, како и европската филозофија за локално делување, одлучив политичката
кариера да ја продолжам во рамки на локалната самоуправа.

Кои се вашите најзначајни ветувања со кои ќе ја барате довербата за градоначалник на Општина Струмица?
-Мојата визија за Струмица е јасна – Општина препознатлива по силни економски параметри; Општина – пример за планирање и реализација на европски проекти; Општина во која социјалната инклузија е нормално секојдневие и во која младите ќе гледаат потенцијал и иднина; Град кој и понатаму ќе биде препознатлив по спортски и културни случувања; Струмица – Центар на Балканот кој ќе значи иницијатор на Регионални иницијативи за зближување и заеднички живот, во сите сфери. Сето ова планирам да го преточам во реалност преку програма која се фокусира на различни сегменти, а како клучни проекти во неа во детали се опфатени: Чешел пазар; Булевар по порој “Св. Илија“ низ касарната; Булевар “Братство и Единство“ кон Агроберзата; Булеварска делница, во правец на булеварот “Климент Охридски“ кон Жито Струмица, кон бензинската пумпа на “Макпетрол“ и кон Куклиш; Дом на културата во Банско и во Куклиш; Нов градски пазар; За младите, современ адреналински парк на ридот над Струмица. Мисијата и целта ми се јасни – одиме напред, со решенија за одржување и
унапредување на сето тоа што досега е направено и преку развој или подигнување
на нови проекти. Максимална транспарентност и отчетност, со точно и навремено
делување и работа во сите сегменти кои се од суштинско значење за Струмица, кои
ќе бидат третирани во секојдневието и за потребите на сите полови и старосни
категории граѓанки и граѓани кои живеат на територијата на нашата Општина.
Мојот пат е јасен – за Струмица, со срце!
Со еден ваков личен пристап и ваква работна филозофија, со внимателно осмислена
програма која ги опфаќа сите аспекти со кои се задоволуваат потребите на жителите
во Општината и заедно, со тим составен од посветени професионалци, верувам
дека Општина Струмица ќе биде насочена кон уште поголем напредок.

Според вас, што е најзначајно и најприоритетно да се направи во општината?
-За реализација на проектите, без разлика на нивната обемност и тежина, суштински важно е да постојат финансиски средства. Тука недвосмислено сакам да укажам дека планирањето, одржувањето и најважно полнењето на општинскиот буџет ќе биде сржта на целокупните проекти и активности. Би сакал како исклучително важни да ги издвојам проектите кои се поврзани со изведба на инфраструктура, затоа што модерна, современа и функционална инфраструктура на територијата на цела Општина Струмица е еден од предусловите за развој, во секоја смисла на зборот.

Кои се реалните проблеми на локалната самоуправа на Струмица?
-Секоја Општина, секоја единица на Локална самоуправа е жива материја за која најнапред е неопходно да се има план и програма за водење и управување. Со реализирање на програмата, под влијание на најразлични фактори, може да се
појават и најразлични предизвици и проблеми кои во од и се решаваат. За реалните проблеми имаме реално подготвена програма – како направеното да го одржиме и развиеме, а каде што е потребно да развиеме нови проекти и решенија.

Што е тоа што треба да се смени за состојбите во Општината да бидат подобрени?
Кои проекти ќе ги реализирате, инфраструктурни решенија, соработка со бизнис
сектор и други општини?

-Да сме чесни и искрени пред себе. Многу е направено во Општината, многу. Ама знам дека може и мора да се оди напред, да се планираат и развиваат нови проекти за одржување и унапредување. Да не ви одземам многу од времето и просторот, погледнете ја програмата во чии рамки се опфатени капитални проекти и активности кои се однесуваат на инфраструктурни решенија, различни сегменти од секојдневието на жителите на општина Струмица, проекти предвидени за реализација во секое населено место и градот, како и активности соодветни за различна категорија жители.

Дали мандатот од четири години е доволен да ги реализирате вашите програмски
определби и ветувања?

-Секој мандат е временски ограничена рамка во која носителот треба да го спроведе тоа што го испланирал. Да, јас имам јасен план како да ја имплементирам мојата програмата за Струмица. Во самата реализација на проектите, без разлика дали се од краткорочен, среднорочен или долгорочен карактер, секако дека постојат улови кои може да го диктираат темпото на реализација, за кои сум максимално свесен и за кои знам со сигурност дека ќе се посветам и ќе работам да бидат третирани.

Што ќе е приоритет во вашата работа доколку ја добиете довербата од граѓаните?
-Како “татко на Градот“ имам намера оперативно, теренски да се зафатам со секојдневните проблеми на жителите во градот и општината, како и активно да
работам за иден развој и напредок. Преку активна работа, како градоначалник постојано ќе ги слушнам потребите и проблемите на моите сограѓани, затоа што ова
е првиот чекор кон уште подобра Струмица. Вратата од мојата канцелариј а ќе биде
вистински отворена за сите Струмичани, без исклучок. Со отворени очи и уши, со
слух за гласот на жителите на Општина Струмица, реално ќе се носам со сите предизвици кои ги има функцијата Градоначалник. Затоа што само на овој начин, со
слух, со посветена работа, плански и со цел, ќе го овозможиме најдоброто за општина Струмица!

Share via
Copy link