fbpx

Изложба на слики и поетско читање на стихови од Роза Мојсовска

 Изложба на слики и поетско читање на стихови од Роза Мојсовска

Роза Мојсовска, која слика со помош на устата, ги воодушеви струмичани со своите слики, кои беа денес изложени во Градскиот парк во Струмица.

Станува збор за уметнички дела насликани со уста, работени во техниките акрил, масло на платно и акварел, во кои преовладуваат пејзажи, цвеќиња и портрети на девојки.

Роза Мојсовска и овој пат покажа дека и хендикепираните имаат право на надеж, на соништа, но и дека оваа категорија граѓани може да биде корисна за општеството.

За време на изложбата се читаа стихови од новите стихозбирки на Роза Мојсовска.

Настанот е организиран од Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица а истиот е дел од програмата „Струмица-град на културата 2021“ за месец август.

Share via
Copy link