fbpx

Јаневски: Почна изградбата на сервисни улици и фекални колектори во населбата Софилар

 Јаневски: Почна изградбата на сервисни улици и фекални колектори во населбата Софилар

-Започна решавањето на проблемот од суштинско значење за жителите од населбата Софилар. По долги и сложени подготвителни активности, ветеното на почетокот од мандатот, започна да се реализира, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Денеска механизацијата пристигна на локацијата каде што ќе бидат изградени две сервисни улици и три фекални колектори.

Нека е со среќа почетокот на овој проект којшто ќе им обезбеди подобри услови за живот на граѓаните во населбата Софилар, напиша Јаневски.

Share via
Copy link