fbpx

Јаневски: Во Струмица ќе се отвори пункт за вакцинирање

 Јаневски: Во Струмица ќе се отвори пункт за вакцинирање

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска соопшти дека до крајот на оваа или на почетокот на идната недела во Струмица ќе се отвори пункт за вакцинирање на граѓаните во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“.

-За да не ги изложуваме нашите сограѓани на дополнителни трошоци да се вакцинираат во други градови, покренавме иницијатива до Министерствотто за здравство дека сме во можност да органираме еден таков пункт. Добивме начелна дозвола и почнавме со  подготовките, а најголем дел од потребните работи се завршени, рече Јаневски.

Share via
Copy link