28 пожарникари и 7 против пожарни возила го гаснеа пожарот на патот од Владевци кон Радовиш
Јаневски:почна крпењето на ударните дупки на најфреквентните улици во градот
„Нашиот град има голема фреквенција на луѓе и возила. Во рамките на нашите можности и приоритети, се трудиме да имаме безбедни градски улици за сите учесници во сообраќајот.
Ударните дупки на улиците во градот се проблем за којшто бевме свесни дека постои, а реагираа и граѓаните. По создадените услови за интервенција, денеска започнавме со крпење на истите.
Со овој градежен зафат ќе бидат опфатени најфреквентните улици во градот, објави денеска градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.