„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Јаневски:Струмица ќе добие младински центар и канцеларија за млади
На средбата со Ѓорги Тасев, Советник за млади и младински политики на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, разговаравме за обврските што произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики за Општината за зголемување на можностите за младите, младинското учество и вклучувањето на младите во процесите на донесување на одлуки, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Заеднички беше заклучокот дека Општината ќе биде пријател – партнер на младите луѓе. Општина Струмица ќе добие младински центар и канцеларија за млади кои ќе бидат во функција на сите форми на младинско здружување, а и ќе има лице – службеник за млади задолжено за работењето на канцеларијата за млади и ќе биде контакт точка со младите луѓе.
Преку подобрување на инфраструктурата, младите ги ставаме високо на приоритетите, им овозможуваме дополнителни простори за дружење, развивање на капацитетите, размена на искуства и идеи со своите врсници, изготвување на програми кои ќе ја зголемат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионален живот.
Струмица е прва општина која успешно го заврши процесот на формирање на Локалниот младински совет согласно закон, кој ќе има советодавна и застапувачка улога во делокругот на младинските прашања и политики.