Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Јанкулов и Ѓоргиевски остануваат во „Брера Струмица“ до јуни 2026
21 годишниот Ѓеоргије Јанкулов кој игра на десната бековска позиција како и 18 годишниот Мартин Ѓоргиевски остануваат во нашиот тим до јуни 2026 година. Двајцата првотимци ги продолжија договорите за уште три сезони заклучно со 14 јуни 2026 години. Станува збор за двајца млади фудбалери кои одлично се вклопија во нашиот клуб и прва екипа.
Јанкулов во струмичкиот прволигаш дојде во втората половина на последната натпреварувачка сезона и одигра вкупно 13 меча при што имаше 5 асистенции за гол. 18 годишниот Мартин Ѓеоргиевски е дел од младинската школа на нашиот клуб кој дојде од Охрид и во последната натпреварувачка сезона има одиграно вкупно 19 натпревари при што двапати се запиша како стрелец на дуелите против Шкендија и Победа. Паралелно тој е дел и од македонските младински репрезентации.