fbpx

Струмичките карневалски групи ,,Газели” и ,, Интеграција ” беа дел од меѓународниот карневал во Лесковац

 Струмичките карневалски групи ,,Газели” и ,, Интеграција ” беа дел од меѓународниот карневал во Лесковац

На 17тиот меѓународен карневал во Лесковац, Р. Србија, кој се одржа викендов, од 07 до 09.07.2023 година, претставници на Струмичкиот карневал беа групите: “Газели” и “Интеграција”.

Тие, меѓу 30те групи, настапија со своите креативни маски и кореографии, кои, и овој пат измамија насмевки и аплаузи. Наградата за најдобра кореографија од стручното жири која ја понесе нашата група “Газели” е само уште една потврда дека Струмичкиот карневал е еден од најдобрите во регионот и поттик неговиот Организационен одбор да продолжи со активностите за негување на традиционалните и културните вредности по кои сме препознатливо во земјата и надвор од неа.

Следното гостување Струмичкиот карневал ќе го има веќе наредниот викенд во Врњачка бања, Р. Србија.

Share via
Copy link