„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
Општина Струмица објавува јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Посветена општина – среќни граѓани” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Струмица.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 (девет) месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Во прилог линк од документот за Јавен повик ЛИНК
Во прилог линк од пријава ЛИНК