На денешен ден пред 73 години се убиени петте струмички студенти
Името Петте струмички студенти или Струмичката петорка се однесува на струмичаните Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Стево Топчев на возраст од 18 до 23 години, кои на 13 август 1951 година биле убиени на планината Беласица од страна на комунистичките власти во Струмица на тогашната СРМ.
Тие биле студенти во Белград, Скопје и Загреб, а биле убиени под образложение дека сакале нелегално да пребегаат во Грција.