fbpx

Кај пет лица од Радовиш и Струмица пронајдена дрога

 Кај пет лица од Радовиш и Струмица пронајдена дрога

СВР Струмица соопшти дека на 15.12.2024 на автопатот А1, во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Р.Џ(43) од Струмица. При преглед на патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени марихуана, кокаин и опиум. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот во текот на денот против Р.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.12.2024 на магистрален пат А4, клучка Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода С.У.(40), О.А.(20), Р.О.(36) и Ш.Ф.(20), сите од Радовиш. При преглед на С.У. била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на возилото „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое се превезувале лицата. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Фото: архива илустрација

Share via
Copy link