fbpx

Кај жител на Мрзенци полицијата пронашла 4 воздушни пушки и куршуми

 Кај жител на Мрзенци полицијата пронашла 4 воздушни пушки и куршуми

Вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишија од слобода Г.Д. (37) од село Мрзенци, гевгелиско, соопштија од СВР Струмица.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири воздушни пушки, 184 куршуми со различен калибар, два патрони за ловечка пушка и една чаура.

Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link