„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Каналот во Градашорци се гради со предвидената динамика
Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев заедно со претставник од општинското Одделение за урбанизам и претставник од компанијата Хидроинженеринг- задолжена за надзор над градежните активности во општината, изврши увид во текот на градежните активности на изградба на каналот за прифат на атмосферски води во населеното место Градашорци.
-Работите се одвиваат со предвидената диманика, се е според планот, се работи квалитетно и очекуваме до средината на наредниот месец, каналот да биде комплетно изграден, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по извршениот увид во градежните активности.
Вкупната должина на делот од каналот што се уредува изнесува 680 метри и истиот е во опфатот на населеното место. Градбата е со камен и бетон. Премостувањето е решено со изградба на бетонски мостови.
Буџетот, согласно Договорот со компанијата изведувач изнесува 7 800 000 денари од кои околу 6 500 000 денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2020 година а остатотокот се сопствени средства на општината.