fbpx

Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Бања Лука

 Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Бања Лука

Струмичките карневалски групи деновиве имаа уште едно успешно претставување на Струмичкиот карневал во странство. Овојпат достојно се претставија на 2-от меѓународен Бањалучки карневал кој се одржа од 26 до 28 мај 2023 година, во Бања Лука, Република Српска, БиХ.

Меѓу 18-те карневалски групи учесници, нашите карневалски групи: ООУ ,,Сандо Масев” Струмица, со карневалска маска ,,Моќта на љубовта”, Здружение за ора и песни ,,Фолклорна низа” Струмица со карневалска маска ,,Магични празници” и карневалска група ,,Китка” со карневалска маска ,,Цвеќиња”, секоја поединечно имаше впечатлив настап пред домашната публика, привлекувајќи го и вниманието на локалните и националните медиуми.

Share via
Copy link