fbpx

Клучни поенти од прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче

 Клучни поенти од прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче

Епидемијата го достигна пикот пред една недела, оттогаш бројките се стабилизирани. Тие се во ниво на едно плато и тоа ни укажува дека Р0 факторот на преносливост е практично 1. Позитивно е што бројот на активни случаи полека се стабилизира, што исто така се регистрира и во Европа;

До 22 ноември глобално се регистрирани над 57.8 милиони случаи и 1.3 милиони смртни случаи од почеток на пандемијата;

➡️ Сите земји се соочуваат со истиот предизвик – менаџирање на болничките капацитети, недостаток на болнички кревети и медицински персонал;

➡️ Во изминатиот период евидентираме високи бројки на оздравени од домашно и болничко лекување. Минатата недела, процентот на оздравени во однос на претходната е зголемен за 45%, а трендот на зголемен број на оздравени продолжува и во текот на оваа недела;

➡️ Засега успешно се менаџира напливот на пациенти, има кревети за хоспитализација, притисокот врз болниците и медицинските работници е голем.

➡️ Се мобилизира целиот кадар кој што е на располагање, кој може да волонтира или пак да се приклучи. Се користат сите ресурси и се прави организација.

➡️ Системот Мој Термин, освен во некои клиники кадешто е редуциран насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции.

➡️ Функционира истиот систем којшто функционира со години наназад, а тоа е дека прва инстанца на којашто се јавуваат е матичниот лекар којшто прави проценка на здравствената состојба. Индицира одредени анализи, преглед и врз основа на состојбата препишува терапија. До овој момент нема терапија специфична за ковид-19 вирусот никаде во светот;

➡️ Фавипиравирот е се уште лек за којшто се водат бројни студии, близу 30 студии во светот. И ремдесивирот е неспецифичен за оваа болест, но со одредени докази дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, а не на преживувањето;

➡️ Имаме доволна количина на заштитна опрема, близу милион ипол парчиња, дел од набавки, дел од огромниот број на донации;

➡️ Денеска ја почнуваме постапката за набавка на брзи тестови. Во меѓувреме, 20 илјади тестови стигнаа како донација, 13 илјади се веќе поделени и се користат во многу здравствени установи во нашата земја, уште 6 има во резерва и има план да се дистрибуираат следната недела;

➡️ Координацијата помеѓу директорите на клиниките во Скопје и внатрешноста оди добро.

➡️ Мерките мора да се почитуваат. Очигледно е дека даваат резултати. Го немаме веќе оној нагол пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок како што беше пред неколку недели кон болниците.

➡️ Позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините. Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Тоа е една одлична вест што следната година верувам дека ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот. Во таа насока, ќе може да очекуваме и стабилизација.

Share via
Copy link