fbpx

Комбе-автобус се преврте на патот Струмица-Валандово, повеќе лица полесно повредени

Утрово околу 06:20 часот на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“, се превртело комбе-автобус при што повеќе патници се полесно повредени.

Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на патот Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Во Струмичката болница биле пренеси 15 патници, а од нив само тројца се задржани на опсервација, додека останатите по извршените прегледи и укажаната помош се пратени на домашно лекување.

Заради несреќата сообарќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот.

Share via
Copy link