„Комуналец“ изврши редовно чистење на таложникот за снабдување со вода на Банско
Денеска ЈПКД „Комуналец“ изврши редовно чистење на таложникот на зафатот на вода од река Водочница од кој се снабдува филтер станицата за вода на населеното место Банско.
-По неговото чистење извршено е и негово хиперхлорирање како и хипехлорирање на целиот цевковод кој ја носи водата до филтер станицата која го снабдува nаселеното место Банско и хотелските комплекси во Бања Банско со чиста питка вода, се наведува во соопштението на „Комуналец“.