„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Комуналец“ организираше ифтарска вечера за вработените со исламска вероисповед
Во рамките на Рамазанските пости, а во организација на директорот на ЈПКД „Комуналец“ Љупче Љачев и со поддршка од Општина Струмица, за вработените во претпријатието од исламска вероисповед беше организирана ифтарска вечера.
Во дворот на „Комуналец“ имаше прекрасно дружење на домаќините и гостите меѓу кои беше и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
Ифтарската вечера се организира по втор пат во претпријатието и се покажа како одлична идеја да се сподели радоста за претстојниот голем празник Рамазан Бајрам.