fbpx

„Комуналец“ со апликација „Селектирај отпад“

 „Комуналец“ со апликација „Селектирај отпад“

“Селектирај отпад” е општествено одговорна апликација и проект за собирање на селектираниот отпад директно од домаќинствата. Поддржувајќи ја оваа иницијатива, наша цел е да ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат во селектирањето на отпадот за да се унапреди квалитетот на животната средина во општина Струмица.

#СелектирајОтпад е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на селектирање и собирање на отпадот директно од вашиот дом, а која нуди можност и за личен паричен бенефит од својата акција.

Сите оние кои се ентузијасти и кои сакаат да направат позитивен импакт врз животната средина и да придонесат во унапредување на третирањето на отпадот во општина Струмица ги повикуваме да се вклучат во селектирање на хартија, пластика и лименки.

Секој граѓанин кој сака да се вклучи во оваа иницијатива, тоа може да го направи во неколку чекори:

1.Подигнувате специјални ќеси за отпад од ЈПКД „Комуналец„ Струмица (сина за хартија, а жолта за пластика и лименки),

2. Правилно ги полните ќесите со селектиран отпад,

3. Го скенирате QR кодот кога ќесата ќе биде полна и

4. Закажете термин преку апликацијата за да ги предадете ќесите на собирачот кој доаѓа директно пред вашиот дом.

Апликацијата можете да ја симните од PlayStore и AppStore, а сите информации и новости можете да ги дознавате преку facebook страните @Selektiraj Otpad и ЈПКД Комуналец Струмица.

Share via
Copy link