fbpx

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

 Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица, распишува:

К о н к у р с за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

1. Годишната награда на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на Општина Струмица на правни и физички лица од Општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Република Северна Македонија и пошироко.

2. Годишната награда се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.

3. Наградата на поединци и група творци се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” и паричен износ.

4.Наградата на правни лица се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .

5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или на нивни претставници, се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .

6.Наградата за животно дело се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” и паричен износ.

7. Право за предлагање на кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници и граѓани – поединци.

8.Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се доставува предлогот. Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.

9.Предлозите во 6 (шест) печатени примероци се доставуваат на адреса: Комисија за опшествени дејности при Советот на општина Струмица со назнака за Годишна награда или животно дело, Струмица, лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Струмица, ул.”Сандо Масев” бр. 1 Струмица.

10. Конкурсот трае заклучно со 24 ноември 2021 година. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.Предлагачот е потребно да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да се најде на веб страницата www.strumica.gov.mk.

Share via
Copy link