fbpx

Костадинов и Даскаловски ги поздравија учесниците во проектот „Растеме здрави деца“

 Костадинов и Даскаловски ги поздравија учесниците во проектот „Растеме здрави деца“

Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, денеска ги поздравија учесниците во проектот „Растеме здрави деца“, а во рамките на кој се реализираа активности во Основното општинско училиште „Никола Вапцаров“.

Проектот е финансиски поддржан од општина Струмица преку Г1 Програмата, а го реализираат здруженијата „Видливост“ и „Добрососедство“ од Струмица. Притоа беа донирани 10 прочистувачи за воздух и филтри за сите чешми во училиштето.

Во изјавата, градоначалникот Костадинов потенцираше дека ќе ги поддржува проектите за унапредување на здравјето и заштита на животната средина-Општина Струмица и досега поддржувала такви проекти, го поддржувала невладиниот сектор којшто е клучен фактор во подигањето на свеста и во подобрувањето на нашето секојдневие.

-Мене, денеска, ми претставува особена чест што овој проект се однесува на нашите најдраги, најмалите, најмилите, на учениците, овде во ООУ „Никола Вапцаров“, каде што со скромна финансиска поддршка на Општината се максимилизира ефектот. Но, праќаме една клучна порака дека соработката со невладиниот сектор, конкретно со здружението „Видливост“, заедно со приватниот сектор, со општествено одговорните компании, во конкретниот случај, Ривер Софт, може да постигнеме многу. Овде, во училиштето „Никола Вапцаров“ денеска се донирани 10 прочистувачи на воздух за 10 училници и тоа во период кога очекуваме загадувањето да расте, тоа е нашата грижа, тоа е начинот како треба да соработуваме. Исто така, важно е што се донирани и филтри за вода за сите чешми во училиштето, со што покажуваме една сериозна грижа сите заедно кон децата, кон учениците, изјави Костадинов.

Share via
Copy link