Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Костадин Костадинов кандидат на СДСМ за градоначалник на Струмица

Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на СДСМ е кандидат на владеачката партија за градоначалник на Струмица. Ова го соопшти попладнево на прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Во регионот, покрај Струмица, на местото од актуелниот градоначалник на Радовиш, Герасим Конзулов, СДСМ го кандидура Никола Чаракчиев, исто така пратеник во оваа партија.
Со овие две кандидатури се отвора место за пополнување на испразнетите пратенички места, а прва која следува од листата е Љубица Спасова од Ново Село, односно Енвер Хусејин.
До денеска опозициската ВМРО ДПМНЕ нема објавено кандидат за градоначалник на Струмица.