fbpx

Костадинов додели скејтови за забава и кациги за заштита на дечиња по отворањето на скејт паркот

 Костадинов додели скејтови за забава и кациги за заштита на дечиња по отворањето на скејт паркот

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов на својата фејсбук страница објави дека на неколку дечиња им подарил скејтови и кациги за забава во новиот „Скејт парк“, кој официјално беше пуштен во употреба во четвртокот.

„На гости ми дојдоа момчиња и девојчиња кои пред неколку дена присуствуваа на свеченото отворање на првиот струмички „Скејт парк“, на кое подарив десет скејтови со кациги на исто толку дечиња. На останатите им закажав понеделничка средба во Општината, со ветување дека и тие ќе добијат такви подароци.👉Речено – сторено. На радоста и немаше крај. Тие радосни, ама радосен и јас, особено по многуте нивни убави зборови за новиот прекрасен „Скејт парк“. На дечињата им ветив уште многу убави содржини во Струмица, наменети ним и на нивните врсници.“ објави Костадинов.

Share via
Copy link