„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов ќе го продава службеното возило на градоначалникот, средствата за Младински културен центар
Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов денеска објави дека нема да користи службено возило од општината, ниту пак службен телефон.
-Не за службено возило од општината, не за службен телефон на сметка на општината и граѓаните. Една од првите одлуки кои ќе ги предложам до Советот на општина Струмица ќе биде продажба на службеното возило на градоначалникот, а финансиите од средствата ќе бидат наменети за проект Младински Културен Центар во Струмица. Само на тој начин ќе ја реализираме нашата заедничка главна цел, Струмица Европски главен град на младите, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.