Градоначалникот Костадинов поканува на присуство на новогодишна бајка на плоштадот
Костадинов личност на годината во Југоисточна Европа за 2024 година
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, е избран за личност на годината од Фестивалот на Југоисточна Европа-Париз, Берлин,Вашингтон. Одлуката му ја соопшти амбасадорот Јордан Плевнеш во име на Уметничниот одбор на Фестивалот.
-Признанието ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани и како што рече Плевнеш, ако Балканот е срцето на Европа, денеска Струмица е главниот град на тоа срце на Европа, благодарение на ова признание.Ова огромно светско признание го посветувам на сегашните генерации струмичанки и струмичани, но и на идните, како порив уште повеќе да си ја негуваат, сакаат и чуваат општина Струмица, оти Струмица сме ние, колку ние ја љубиме Струмица, толку и таа ни возвраќа нам, рече градоначалникот Костадинов.