Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Костадинов: Раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ е најголем дебакл во поновата историја
-Раздвојувањето на Македонија од Албанија во интеграцискиот пат кон ЕУ е најголемиот социјален, економски, дипломатски, вредносен дебакл во поновата историја, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Раздвојувањето ќе има моментални, краткорочни но за жал и долгорочни негативни последици врз севкупното македонско секојдневие, кое за уште поголема жал нема да имаме никаква можност да го промениме.Ова е многу сериозен аларм не само за народот и за политичките чинители, туку и за државите членки на ЕУ и нивната дипломатија…, напиша струмичкиот градоначалник.