fbpx

Соопштение од „Комуналец“:водата во Струмица не е за пиење!

 Соопштение од „Комуналец“:водата во Струмица не е за пиење!

-ЈПКД Комуналец Струмица ги известува граганите на град Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Баница и Водоча, дека водата од водоводната мрежа заради одстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во однос на физичко хемиските параметри во согласност со правилникот за вода за пиење и затоа не треба да се користи како вода за пиење. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода.

Заради намалувањето на количините на вода во акумулацијата на брана Турија, и промената на квалитетот на сировата вода која доага од брана Турија, односно зголемените количини на суспендирани материи кој ги има во сировата вода, фабриката за вода (филтер станицата) не е во можност да ги преработи и ги сведе во границите кои се пропишани согласно правилникот за вода за пиење.Затоа се известуват граганите во наредниот период да ја користат водата од водоводната мрежа исклучиво како техничка вода. Водата не е за пиење.

Оваа состојба ке трае се додека квалитетот на водата не се сведи во границите кои ги пропишува правилникот за вода за пиење, и додека резултатите од лабораториските анализи направени од акредитирана лабораторија бидат согласно на правилникот за вода за пиење.

Share via
Copy link