fbpx

Костадинов со директорот на Агенцијата за туризам разговараше за туристичките потенцијали на Струмица

 Костадинов со директорот на Агенцијата за туризам разговараше за туристичките потенцијали на Струмица

-Убаво е чувството кога си градоначалник на Општина со големи потенцијали во повеќе области, но и препозната силна волја за нивно максимално искористување.Со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, денеска разговаравме за туристичките потенцијали на нашата Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Струмица е позната културно историска туристичка дестинација, којашто сериозно вложува во подобрувањето на туристичката инфраструктура, ги следи трендовите и своите понуди ги прилагодува на интересите на туристите.Заеднички ни беше заклучокот дека и во услови на сериозна економска криза не треба да се откажуваме од оваа гранка, напротив треба да се бараат и нови форми на туризмот кои ќе го поттикнуваат и локалниот економски развој.Ми беше гордост со директорот Јаневски да разговаравме и за нашиот најголем туристички настан, Карневалот и неговата овогодишна програма, а за која сум убеден дека ќе привлече поголем број домашни и странски туристи и сите заедно уште еднаш ќе се гордееме со оваа наша вековна традиција, напиша Костадинов.

Share via
Copy link