fbpx

Костадинов во Будва ги пренесува искуствата од работењето на Локалниот совет за превенција

 Костадинов во Будва ги пренесува искуствата од работењето на Локалниот совет за превенција

-Нема поголема чест за еден градоначалник, кога позитивните искуства од општинското работење ги пренесува надвор од државата, како пример којшто треба да се следи и почитува.Токму таа чест ја имав денеска на работилницата на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан, која се одржува во Будва, Црна Гора, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Локалниот совет за превенција кој е најактивен во државата и преку кој на локално ниво решивме проблеми кои изгледаа нерешливи, беше препознат од Мрежата на силни градови и ја добивме поканата за учество на работилницата на тема „Зајакнување на улогата на градовите за справување со омразата, екстремизмот, поларизацијата преку подобрена соработка помеѓу националното и локалното ниво“.Моите мисија и цел се, искуствата и добрите практики секогаш да бидат презентирани и споделени, соодветно. Меѓуресорската и институционалната соработка, локално, се многу важни. Но, без ваков вид на регионални средби успехот нема да биде целосен. Предизвиците за кои денес зборувавме не познаваат граници и токму затоа, свесни за потребата од нивна превенција треба и мора да разговараме, да се слушаме и охрабруваме во правец на изнаоѓање соодветни решенија.Им благодарам на сите што ја препознаа нашата работа и не поканија, а кои за возврат добија едно искуство повеќе, наше, струмичко.Мрежата на силни градови доби сериозен партнер во решавањето на предизвиците со кои се соочува Западен Балкан, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link