fbpx

Костадинов заедно со ученици од „Видое Подгорец“ и членови на „Порака“ засадија цвеќе

 Костадинов заедно со ученици од „Видое Подгорец“ и членови на „Порака“ засадија цвеќе

-Пролетта не пoтсетува колку е убава промената. Секое дете е цвет, секој цвет различно цвета. Цвеќиња во сите бои утрово во чест на пролетта, засадивме заедно со учениците од ООУ „Видое Подгорец“ и членовите на ЦПЛИП „Порака“, објави градоначалникот Костадинов.

-Сите бевме среќни и весели, пролетно расположени, но и свесни за важноста од чиста средина. Испративме еко пораки, но и пораки за прифаќање на различностите. Сите сме исти и секогаш сме заедно.Нека ни е среќна новата „струмичка пролет“, новата убава можност за нови заеднички достигнувања за нашата Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link