Костадинов:пожарот е локализиран и повеќе нема опасност за куќите во селото Баница

 Костадинов:пожарот е локализиран и повеќе нема опасност за куќите во селото Баница

Големиот пожар кој избувна вечерва кај Струмица на потегот меѓу месноста Софилар, градските гробишта и селата Баница и Ангелци е локализиран на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во селото Баница, објави пред малку градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот е вклучен во гаснењето.

-Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат, објави на неговиот фејсбук профил, напиша струмичкиот градоначалник.

Според информациите од ТППЕ Струмица од командирот Александар Гудев, пожарот почнал да се шири и во правец на селото Василево.

Гудев информираше дека на помош се повикани против пожарни единици од блиските градови од Радовиш, Валандово и Богданци.

Фото: фејсбук

Share via
Copy link