fbpx

Ковачевски на прес-конференцијата со Ескобар: Пораката од САД е јасна, по членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ, тоа е нашата иднина

 Ковачевски на прес-конференцијата со Ескобар: Пораката од САД е јасна, по членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ, тоа е нашата иднина

функционална, мултиетничка држава и се прави јасно разграничување на македонскиот народ од било кој друг народ во државата вклучително и бугарскиот.Така што, со одлуката за донесување на уставните измени не се загрозува ниту едно македонско идентитеско прашање. Туку напротив, се зацврстуваат македонските идентитески прашања.

Ситуацијата во моментов е многу чиста и јасна, имаме сериозна поддршка и дома и надвор за продолжување на европскиот пат и со изгласувањето на уставните измени ние сами ќе го направиме првиот чекор понатаму. Блокирањето и одлагањето на овој процес единствено ќе биде штетно и тоа може да го потврди секој разговор којшто е воден со странски дипломати вклучително и овој во делот на напредувањето на државата во остварување на сите заложби за обезбедување на побрзо, подобар животен стандард и животни услови на граѓаните во државата, такви какви што сакаат.Не само што ќе нѐ втурне во непосакувана позиција, со оглед на фактот дека догодина има избори секаде, и во ЕУ и во САД, догодина и ние имаме избори. Тогаш ќе се изгуби моментумот на поддршка од меѓународната заедница кој денес го имаме на највисоко ниво искажан токму од претставници на меѓународната заедница.

Ова го кажав и претходно, но ќе повторам, јас лично како премиер, коалицијата која ја предводам, министрите во Владата ќе направиме сѐ, согласно законите во државата, да државата оди напред, ќе направиме сѐ за граѓаните да се европски граѓани, со европски животен стандард. Ама европски граѓаните кои живеат во Северна Македонија, а не граѓани кои со пасоши на туѓи држави одат и живеат во туѓи држави кои се дел од ЕУ.Гледајќи низ историјата колку тешки одлуки морала да донесе оваа држава а особено македонскиот народ и секогаш излегувал како победник, јас сум убеден дека и овој пат ќе излеземе како победници и после зачленувањето во НАТО, Северна Македонија ќе биде следната земја членка на ЕУ.

Share via
Copy link