fbpx

Крстев и Костов потпишаа договори за настап во сениорскиот тим на Брера

 Крстев и Костов потпишаа договори за настап во сениорскиот тим на Брера

Живко Крстев и Марио Костов членови на младионскиот тим на Брера потпишаа договори за настап во сениорскиот тим.

Станува збор за 19 годишни фудбалери кои во младинската Супер лига ги презентираа своите играчки перформанси, а клубот им понуди договори и ги отвори вратите на првиот тим.

-Живко Крстев во младинскито шампионат изминатата сезона за нашиот тим постигна дури 30 гола, а одличен во првенството беше и Марио Костов. Станува збор за млади и надежни фудбалери кои се градеа во нашите погони и допрва од нив се очекува да бидат креатори на играта во сениорскиот тим. Ова е потврда дека како клуб даваме шанса и можност за нашите млади да градат професионална кариера. Во нив контуинирано вложуваме за да бидат квалитетни фудбалери како на фудбалските терени, така и надвор од нив, стои во соопштението на Брера.

Share via
Copy link