fbpx

Куп-финалето за жени за Вардар и Јанта волеј Кисела вода

 Куп-финалето за жени за Вардар и Јанта волеј Кисела вода

Екипите на Вардар жени 2019 и на Јанта волеј Кисела вода ќе играат во финалето на 28.македонски одбојкарски куп во женска конкуренција.

Вардарки го добија третиот меѓусебен и најважен дуел сезонава против Работнички Скопје со 3:0 (30:28, 25:21 и 26:24).

Во вториот полуфинален натпревар иако Струмица жени поведе со 1:0 во сетови, сепак искусната екипа на Јанта Волеј Кисела вода успеа да извојува победа од 3:1, по сетови 23:25, 25:16, 25:22 и 25:14).

Третиот ден од завршниот турнир во салата „Парк“ во Струмица утре ќе почне во 15 часот со женското финале, а машкото меѓу Џио Струмица и Универзитет во Тетово е закажано за од 18 часот со преноси наМРТ-3 каналот.

Share via
Copy link