Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Лекари и медицински сестри од струмичката болница позитивни на Ковид-19
Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од ЈЗУ „Општа болница Струмица“ се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација, информираше директорот, д-р Наќе Гогов.
Според него отсуството од работа на лекарите и сестрите се чувствува во работењето и затоа се обезбедува персонал од другите одделенија, каде што нема позитивни на коронавирусот.
Позитивните лекари, сестри и административци веќе седум денови во изолација и се очекува набргу да се вратат на работа.