КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ЗА 15. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“ 2025 ГОДИНА
Лекарите се поклонија на девојката чие срце спаси друг живот
Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
-Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост, напиша министерот Филипче.