fbpx

Леонид Танчев нов претседател на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица

 Леонид Танчев нов претседател на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица

Вчера се одржа Изборно Собрание на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица, на кое беше избрано ново раководство на Сојузот, објавија вечерва од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

На местото на досегашниот долгогодишен претседател Драган Јанков, за нов претседател на ОСУС Струмица едногласно беше избран Леонид Танчев, а за потпретседател Вера Божијанова-Димитриевска.

Исто така, едногласно беа избрани нови членови на Извршниот одбор и Надзорниот одбор на Сојузот.

Share via
Copy link