fbpx

Заврши реконструкцијата на патот до црквата во село Радичево, Василево

 Заврши реконструкцијата на патот до црквата во село Радичево, Василево

Во рамки на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој успешно заврши реконструкцијата на патот до црквата „Свети Илија“ во село Радичево, Василево, во вредност од 2.196.616 денари, со што се реши еден од главните проблеми на жителите во ова населено место.

Станува збор за улица која го поврзува селото со црквата и гробиштата во должина од 327 метри, а широка 3 метри. На истата се поставени околу 1000 метри квадратни асфалт. Одводнувањето беше решено со риголи кои во иднина ќе го штитат асфалтот како и околните површини од неконтролираното излевање на водата во случај на обилни врнежи.

Со асфалтирањето на оваа улица се реши  проблемот  на граѓаните од Радичево кои долги години наназад се соочуваа  со лош пристап до црквата и гробиштата.

Share via
Copy link