Градоначалникот Костадинов поканува на присуство на новогодишна бајка на плоштадот
„Комуналец“ почна со собирање на отпадот од пластика и лименки
ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, започнa со празнење на новите канти наменети исклучиво за ПЕТ Пластика и лименки.
-Празнењето на кантите ќе се врши редовно секоја среда. Известување до домаќинствата дека кантите се подигат од дворовите, а секаде каде што е заклучено или има кучиња кантите да се остават блиску до оградата како би можеле да се испразнат. Засега сме задоволни од одзивот и од одговорното однесување на домаќинствата со неколку ислкучоци, но со секојдневни апелирања и разговор со неодговорните домаќинства се надеваме дека ќе се надминат сличните проблеми и сите ќе допринесат за рециклажа на отпадот со што дефинитивно ќе добиеме почисти улици и поубаво животно опкружување, информираат од струмичкото комунално претпријатие.