fbpx

Локалниот младински совет и градоначалникот Костадинов во посета на Стационарот „Лана“

 Локалниот младински совет и градоначалникот Костадинов во посета на Стационарот „Лана“

-По претпладневната прва официјална средба во мојот кабинет со членови на новоформираниот Локален младински совет, која помина во мошне позитивна и конструктивна атмосфера, денес ја реализиравме и нашата прва заедничка теренска активност.Го имав задоволството, заедно со претставници на струмичкиот Локален младински совет , да го посетиме стационарот за бездомни кучиња „Лана“, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Беше тоа одлична можност за младите, преку разговор со директорката и вработените, да се запознаат со начинот на кој функционира ова Јавно претпријатие, со процесот на заловување на бездомните кучиња, карантин и социјализација, а имаа можност да ги посетат и операционите сали. На тој начин тие се уверија во функционалноста и хуманиот третман кон кучињата од страна на вработените во „Лана“.Овде не застануваме. Ќе реализираме заеднички увиди и во останатите јавни претпријатија, затоа што младите заслужуваат да знаат како истите функционираат. Тоа се само дел од чекорите со кои Струмица ќе го задржи епитетот – град на младите, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link