ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Костадинов на средба со членови на Локалниот младински совет на Струмица
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја одржа првата официјална средба со членовите на новоформираниот Локален младински совет на општина Струмица.
На средбата разговараа за функционирањето и целите на Локалниот младински совет, како и за актуелните младински прашања и предизвици и нивните решенија.
Градоначалникот Костадинов е задоволен од досега направеното, со што и се реализира неговот предизборно ветување дека Струмица ќе биде град на младите.
Покрај формирањето на Локалниот младински совет, изработена е и од Советот усвоена Локална стратегија за млади 2023-2027, Младинскиот центар во општинската зграда е во завршна фаза, обезбедена е финансиска поддршка за младинските бизнис иницијативи, а Општината има и официјален службеник за млади.