Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Локалниот совет за превенција во заштита на урбаната опрема и против нелегалната трговија со железо
-И денеска го испочитувавме договорот со партнерите во Локалниот совет за превенција на општина Струмица, секоја последна среда во месецот да одржуваме работна конференција на којашто ги разгледуваме и бараме решенија за актуелните проблеми во градот и општината, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Предизвиците се коишто се соочуваме се дивите продавачи на текстил и земјоделски производи. Имаме подобрување на состојбата, има појава на 2-3 тезги, но не се стотина колку што беа порано. Фактот дека се зголемени резервациите за тезги во пазарот „Чешел“ ни укажува дека заклучоците што ги носиме со сите партнери и чинители на Локалниот совет за превенција, даваат резултати.Посебен акцент сега ставаме на уништувањето на урбаната опрема на територијата на општина Струмица, на нелегалната трговија со железо на улицата „Антон Панов“ и чистењето на тој појас и узурпацијата на приватните парцели од страна на некои граѓани, додаде Костадинов.
Благодарен сум на сите партнери во советот, затоа што само со заеднички силни напори можеме да ги спречиме девијантните појави во општина Струмица. Тоа дава резултати и од овој начин на работа не отстапуваме, напиша Костадинов.